По средбата Мицкоски-Курти: Инцидентот не ги загрозува односите меѓу Македонија и Косово

„Официјалниот извештај ќе го расчисти инцидентот во кој се најде косовската претседателка Вјоса Османи на 1 август на скопскиот аеродром. Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека по изјаснувањето на надворешните ресори, кабинетот на Вјоса Осман и дискусијата на денешната средба, сега останува на органите да си ја завршат работата. Курти рече дека е важно да се преземаат мерки.“ – објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат пишува: „Треба да се стремиме кон вистината и никогаш кон напнатост. Нека се расчисти случајот, тоа го прават надлежните органи. Јас и премиерот Мицкоски не можеме да бидеме и цариници и истражен полицаец и полициски инспекторат, ниту тој што го надгледува аеродромското обезбедување. Полека, но сигурно стануваме експерти за многу технички детали, но верувам дека, што се однесува до суштината на работата, одговоривме и оти мерките се преземаат.“ – рече Албин Курти, премиерот на Косово.

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски рече дека инцидентот, освен што не влијае на дипломатските односи, ги мотивира страните за соработка и во други димензии. Мицкоски изрази жалење за тоа што ѝ се случи на претседателката Османи, велејќи дека е подготвен во иднина, кога и да допатува, да ја пречека и да ја придружува на скопскиот аеродром.

Според кабинентот на претседателката на Косово Вјоса Османи, на 1 август, додека патувала за Љубљана, на скопскиот аеродром било побарано да ги остави личните работи во скенерот, а имало обид да ѝ се земе и мобилниот телефон. За расчистување на напнатата ситуација, Османи побарала помош од претседателот на Собранието Африм Гаши, кој го испратил своето обезебдување.