По сообраќајката во Скопје, четворица се борат за живот на скопските клиники

Четири лица со сериозни повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје по тешката сообраќајна несреќа која доцна вечерва се случи на мостот „Гоце Делчев“. Екипа на ТВ21 направи снимки со дрон каде може да се забележи дека еден автомобил е целосно изгорен и се уште стои на една од сообраќајните ленти. На терен е и полицијата. Увидот е во тек, а причините за несреќата во моментов се непознати.



Се судриле две возила, шкода и бмв. По ударот, шкодата се превртела и се запалила. Целата сообраќајка се случила само неколку минути пред 21 часот.

На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на бул Гоце Делчев на кракот со ул Лазар Личеновски  во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “бмв” со скопски регистарски таблички“, изјавија од МВР за Прес24.

Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар Мајка Тереза за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време , а сега се одвива во една коловозна лента“, додаваат оттаму.