По одлуката за неуставен избор на Уставен судија: Сиљановска Давкова предупредила дека Судскиот совет и Талат Џафери го кршат уставот

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова кога била пратеник предупредила дека Судскиот совет и Талат Џафери го кршат уставот.



Запрашана од новинари што мисли за одлуката на Управниот суд со која се поништени одлуките на Судскиот совет и Собранието за избор на Елизабета Дуковска за член на Уставниот Суд, претседателката потсети што зборувала пред околу две години на седницата на која била избрана сега ,,поништената” членка на највисокиот суд во државата.

Тогаш како пратеничка Сиљановска Давкова укажала дека изборот на Дуковска е неуставен и незаконски но дека од тогашниот спикер Талат Џафери немало разбирање за сугестиите кои таа ги дала по што спикерот го ставил предлогот на Судскиот совет на гласање.

Откако и пратениците во Собранието, меѓу кои СДСМ и ДУИ имаа мнозинство, не покажале разбирање за аргументите против изборот на Дуковска било сторено кршењето на Уставот иако Сиљановска Давкова јасно укажала зошто не треба да се гласа за избор на член на Уставниот суд.

Управниот суд минатата недела донесе одлука со која се поништува одлуката за избор на Дуковска по што Судскиот совет ќе мора да почне нива процедура за избор на нов член.

Избор на претставник за Уставен суд е еден од најголемите скандали на Судскиот совет.

Според пресудата на Управниот суд Судскиот совет направил тешки прекршувања на законите и уставните принципи.

Радио Лидер: Како сопругот на Весна Дамева и неговите газди сакаат да дојдат до 700 илјади евра туѓи пари (ВИДЕО)