По објавување на програмата на ВМРО-ДПМНЕ СДСМ почна да ветува ,,рајски градини”

По објавување на програмата на ВМРО-ДПМНЕ каде има 1198 проекти за кои веќе се обезбедени пари СДСМ почна да ветува ,,рајски градини” односно почна да зборува за огромни плати кои се до три пати поголеми од тие што сега власта ги обезбедува.



Откако ВМРО-ДПМНЕ најави 3 милијарди евра за капитални инвестиции СДСМ почна да зборува за 3,5 милјарди иако сега немаат ни една десетина од таа сума.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата и носител на листата во изборна единица 4, Венко Филипче вчера во Кавадарци вети огромни плати за здравствените работници за кои сега СДСМ како дел од власта нема пари.

Просечна плата на медицинска сестра е триесетина илјади денари што значи дека Филипче без да види што е реалноста ветува три пати поголеми плати.

„Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бида од 120.000 до 140.000 денари, а на на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари”, изјавил Филипче.

Целосно некритички се и ветувањата за пензионерите.
Во партиски соопштение СДСМ зборува за просечната пензија од 500 евра, или 30.000 денари, а минималната пензија ќе биде 20.000 денари.

Сега минималната пензија е и под 10 илјади денари.

Дополнително се предвидува мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата. Зошто СДСМ не ја спровел оваа мерка цели седум години е сосема јасно.