По Канада, Трамп го „кани“ и Мексико да стане дeл од САД

 

Мексико и Канада би можеле да станат сојузни американски држави наместо да бидат субвенционирани, изјави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, во интервју за NBC News, пренесе Newsweek.



„Го субвенционираме Канада над 100 милијарди долари годишно. Го субвенционираме Мексико речиси 300 милијарди долари годишно. Не треба да го правиме тоа.
Зошто ги субвенционираме овие земји? Нека станат нови американски држави наместо да ги субвенционираат“, саркастично рече Трамп.

Трамп предлага Канада да стане 51-ва сојузна држава на САД

Доналд Трамп претходно се закани дека ќе воведе царини од 25 отсто за сите стоки од Мексико и Канада поради протокот на илегални мигранти и шверцот на дрога. Тогаш мексиканскиот министер за економија Марсело Ебрард одговори дека царините ќе ја чинат американската економија 400.000 работни места и ќе доведат до инфлација за обичните Американци.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вети дека ќе ги зајакне граничните контроли за да се намали приливот на илегални мигранти во САД. Како што рече канадскиот министер за јавна безбедност Доминик Лебланк, за таа цел може да се користат беспилотни летала и хеликоптери.

Според проценките на американското Министерство за домашна безбедност во 2022 г. во земјава имало 11 милиони. мигранти без правен статус, а оваа бројка може да се зголеми.