По забраната за внес на знамиња со ѕвездата од Кутлеш на мечевите на македонската ракометна репрезентација ,,Фалангата” бара начин како македонското сонце сепак да светне на СП во Хрватска.
Откако Хрватската ракометна федерација го објави кодексот на однесување на навивачите што ќе бидат присутни во Пореч, Вараждин и Загреб на натпреварите од Светското првенство Македонците навивачи кои во Хрватска ќе бидат над 1.000 бараат начин сонцето од Кутлеш сепак да биде присутно на трите меча на нашата репрезентација во „Вараждин Арена“.
Организаторот и полицијата објавија дека само официјалните знамиња ќе може да се внесуваат во салата.
Забрана за внес на знамиња и симболи со сонцето од Кутлеш имаше и лани на Европското првенство во Германија но голем број македонски навивачи најдоа начин македонското сонце да биде на трибините.
Максималната димензија на дозволените знамиња треба да биде 2 x 1,5 метри, и не треба им попречуваат на другите гледачи во следењето на натпреварите.
Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а првиот меч го играме утре против Унгарците од 20:30 часот.
Најчитани статии






