По Дубровник и албански град падна пред водечкиот македонски видео уметник (ГАЛЕРИЈА)

Откако пред два месеци со своето дело го освои Дубровник, пред водечкиот македонски видео уметник Емил Петров падна и преубавиот албански град Берат.



Со помош на видео арт мапинг фантазија насловена ,,Живот 2″ Петров дава сосема поинаква слика на питорескниот град во Албанија.

Берат е град под заштита на УНЕСКО а во светот е познат како “Градот на 1000 прозорци”.

,,Ретка можност за креација на видео мапинг на цел град”, вели скромниот Петров за своето дело со кое на градот Берат вечерта меѓу 24 и 25 Декември му дал нова душа.

Предходно Петров го освои и Дубровник

Го осветли Скопје и го пренесе сјајот во Дубровник – Македонски уметник ја шири македонската уметничка светлина