Почна судењето против Мерко за поставување на спомен обележје со кое се велича фашизмот

Рамиз Мерко седна на обвинителна клупа. Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа против градоначалникот Мерко за поставено спомен-обележје, на влезот на општинската зграда. Со споменикот според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга.



Toj на главната расправа пред судот рече дека не се чувствувал виновен.

Според поранешниот советник во Советот на Општина Струга, а сега заменик министер за правда Ален Деребан, кој е сведок во просеот, со плочата, се задира во Уставниот поредок на државата. 

“Очекувам дека судот врз основа на доказите со кои располага ќе донесе осудителна пресуда со која што во иднина ќе се спречи оваа пракса за поставување на спомен плочи и спомен обележја од контроверзни личности од историсата со кои се задира во уставниот поредок на Р.Македонија” –рече Ален Деребан –сведок

Со плочата се слави фашистичката окупација на Струга во 1941 година, од страна на фашистичка Италија и Кралството Албанија. Со тоа сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, според кој, може да добие затворска казна до 5 години.

Претходно, Судот ја одложи расправата за набавката на луксузен автомобил „ауди“, која почнува од почеток поради промената на судечкиот судија.

Против Мерко до овој момент се водат вкупно 9 судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна. Судењата за истите продолжуваат на 5 и 6 март.

Извор: https://plusinfo.mk/so-plochata-so-ko-a-se-slavi-fashizmot-pottiknal-etnichka-omraza-i-razdor-pochna-sude-eto-na-gradonachalnikot-merko-za-skandaloznoto-obelezh-e/