Од утрово повторно се отворени избирачките места на кои се прегласува за парламентарните избори во петата и шестата ИЕ.
Се гласа на две избирачки места во Крушево, на две места во Долнени, и на по едно избирачко место во Желино, Охрид и Струга.
Право на глас во овие избирачки места имаат 4.521 избирачи.
Државната изборна комисија утврди дека ќе има прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, откако Управниот суд минатиот петок ги отфрли како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ поднесени против решенијата на ДИК.






