Почна гужвата на граница, граѓаните заминаа на велигденски викенд во Грција

Значителна гужва се создаде попладнево на граничниот премин „Богородица ” за излез од државата кон Грција.



Според видеоснимката од безбедносната камера поставена на преминот, се гледаат Четири полни ленти со возила кои чекаат за излез од земјата.

Патниците главно се семејства и помали групи, кои го користат празничниот период за одмор, најчесто на грчките плажи и познатите викенд-дестинации како Паралија, Лептокарија, Олимпик Бич Олимпик Бич, Неи Пори…

Продолжениот празничен викенд ќе трае до понеделник, а засилен сообраќај назад во земјата се очекува во недела попладне и понеделник навечер.

Извор: https://plusinfo.mk/chetiri-polni-lenti-za-izlez-od-makedoni-a-zapochna-veligdenskata-migraci-a-kon-grci-a/