Речиси два месеца откако му беше извршена трансплантацијата, почина првиот примател на генетски модифицирани свински бубрег соопштија неговото семејство и болницата што ја изврши операцијата.



Ричард „Рик“ Слејман имаше трансплантација во Општата болница во Масачусетс во март, на 62-годишна возраст. Хирурзите рекоа дека веруваат оти свинскиот бубрег ќе трае најмалку две години.

Тимот за трансплантација во Општата болница во Масачусетс рече дека немаат никакви индикации оти тој починал како резултат на трансплантацијата.

Слејман имаше трансплантација на бубрег во болницата во 2018, но лани мораше да се врати на дијализа кога се покажа дека пресадувањето е неуспешно. Кога се појавија компликации на дијализата кои бараа чести процедури, неговите лекари предложија трансплантација на бубрег од свиња.