Почина Александар К., управителот на т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 март 2025 година изби пожар и животот го загубија 59 лица. Тој е 60. жртва од трагедијата во Кочани.
Официјална потврда во јавноста се очекува да биде објавена на прес-конференција на Министерството за здравство закажана за денеска во 13:30 часот.
Во врска со трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, осомничени се 27 физички, три правни лица и седум полициски службеници од Штип и Кочани.
На сите осомничени им е одредена мерка 30-дневен притвор, освен на хоспитализираните.






