Почина Тахир Хани, поранешен Функционер на ДУИ

На 63-годишна возраст по кратко боледување почина поранешниот функционер од редовите на ДУИ и пратеник, Тахир Хани, објавија од партијата.



„Со длабока тага ве известуваме дека денеска по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани. Погребот на починатиот ќе се изврши на 08.11.2024 година во 15:00 часот во с.Велешта“, соопшти ДУИ.

Тахир Хани во периодот 2006-2011 година беше пратеник во Собранието. Од 2011 до 2013 година беше заменик министер за транспорт и врски. Во 2013 година стана министер за локална самоуправа. Потоа продолжи со други активности во политиката, а на крајот беше заменик секретар на Владата.