На 104-годишна возраст почина последниот народен херој на поранешна Југославија, командант на Сремскиот партизански одред, а потоа и на Шестата војводинска бригада, генерал-потполковникот Петар Матиќ Дуле од поранешната Југословенска народна армија, соопштено е синоќа во Белград.
Матиќ е роден на 6 јули 1920 година.
„Антифашиски вјесник“ наведува дека Петар Матиќ Дуле, како дваесетгодишник, активно работел на кревање востание против окупаторите по Априлската војна и окупацијата на Југославија во 1941 година.
За време на војната двапати бил ранет во борбите со германските окупатори.
Во мај 1943 година, бил назначен за командант на Војводинската ударна бригада, која префрли 1.100 доброволци од Срем и 110 коли со храна, облека и медицински материјали во источна Босна.
Според тој настан режисерот Вељко Булајиќ го сними филмот „Големиот транспорт“.
Втората светска војна ја дочекал со чин потполковник, а во 1953 година на 33-годишна возраст го добил чинот генерал-мајор.
По ослободувањето на Белград дипломирал на Вишата воена академија во Советскиот Сојуз, а во повоена Југославија бил член на Собранието и член на Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија.






