Почина пејачот Андреј од ДНК – им подлегнал на повредите во пожарот во клубот

Пејачот Андреј Ѓоргиески од групата ДНК загина во пожарот во Кочани, дознава „360 степени“ од болнички извори. Штипската телевизија ТВ Стар објави дека загинал и Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК.



Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот, објави А1.он.  Тој, според информациите на медиумот, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот. Информацијата не е официјално потврдена.

Како што претходно објавивме, во пожарот загина и танарот на ДНК, Горги Горгиевски од
Струмица, но за жал и Сара Пројковска, придружен вокал на групата.