Почина најубавата филмска Јулија

Актерката Оливија Хаси, која како тинејџерка постигна меѓународна слава за нејзината улога во познатата филмска верзија на „Ромео и Јулија“ од 1968 година, почина на 73-годишна возраст.



Актерката со аргентинско потекло, која порасна во Лондон, почина во петокот опкружена со своите најблиски, се вели во соопштението објавено на нејзиниот Инстаграм.

Хаси освои Златент глобус за најдобра млада актерка за нејзината улога во улогата на Јулија.

Таа на 15 годишна возраст заедно со 16-годишниот Леонард Вајтинг глумеше во адаптацијата на трагедијата на Вилијам Шекспир во режија на Франко Зафирели

За улогата на Јулија беше избрана од Зефирели на кастинг меѓу 500 кандидатки.

Филмот на Зефирели се смета за најдобра екранизација на трагедијата на Шекспир. 

Ромео и Јулија“ доби четири номинации за Оскар во 1969 година. – за најдобар филм, костими, режија и кинематографија.

Нејзината друга најзначајна улога на филмското платно беше Марија, мајката на Исус, во филмот Исус од Назарет од 1977 година.