Почина возач на Брза помош, цел ден превезувал повредени од Кочани

Возач на брза помош кој цела ноќ ги превезувал повредените во страотниот пожар во Кочани починал утрово.



Колегите и вработените во Општата болница Кочани, по вчерашниот шок, утрово се простуваат од Иле Гоцевски.

Како што пишува порталот „Метропола“, Гоцевски починал ноќва откако по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени лица отишол дома да одмори и никогаш повеќе не се разбудил.