Почина бугарскиот патријарх Неофит

На 78-годишна возраст, по тешко боледување, почина бугарскиот патријарх и софиски митрополит Неофит а веста во 23 часот и 45 минути, сионќа ја соопшти Светиот синод на БПЦ.



Во ноември минатата година, првиот човек на БПЦ беше примен во ВМА поради белодробна болест, пишува „Сега“.

Неофит I е роден во Софија на 15 октомври 1945 година под световното име Симеон Николов. Замонашен е на 3 август 1975 година во Тројанскиот манастир. На 25 март 1976 година патријархот Максим го ракоположи за јеромонах, а на 21 ноември следната година патријархот повторно го воведе во чинот архимандрит во софиската катедрала „Света недела“.

За поглавар на Бугарската православна црква е избран на Патријаршискиот црковен собор на 24 февруари 2013 година, со 90 гласови „за“, 47 „против“ за митрополитот Гавриил Ловчански.

Во врска со неговиот 70-годишен јубилеј во 2015 година, Неофит бил одликуван со орден од претседателот Росен Плевнелиев.

Пред два месеци почина и братот на Неофит – Димитар Димитров, вонреден професор и  кој беше главен диригент на црковниот хор во храмот-спомееник „Свети Александар Невски“.