Во текот на вчерашниот ден во 10:45 часот на одделот за детски болести било донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување“, соопштија од прилепската болница за случајот на смртта на близнаци -девојче и машко на возраст од 20 дена..
Според достапните информации, велат од болницата, машкото новороденче претходно починало дома од истата причина.
„По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување.
И покрај сите преземени обиди од медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот е констатирана смрт“, се вели во дописот на ЈЗУ Општа болница Прилеп.
Мајката која е родена во 2001 година се породила во Прилепската болница во својата четврта бременост во која ги донела блицнаците.
Близнаците биле предвремено родени деца во 34-та гестациска недела.
„Првото новороденче, машко, било со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама.
На 10 јануари, на барање и со потпис од мајката, децата биле пуштени дома.






