Тина (9) и Сара (5), кои вчера со дедо им биле на железничката станица во Нови Сад, им подлегнале на повредите во болница, пишува Телеграф.
Нивниот дедо од Нови Сад, со кој го чекале возот, загинал веднаш по уривањето на дел од покривот. Девојчињата биле пронајдени вчера тешко повредени, но живи.
Но, тие им подлегнале на повредите во болница.
Дури 14 лица загинаа при ненадејното уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад.
Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин.
Васко Саздовски, роден во 1979 година, е Македонецот што загина во Нови Сад
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера увери дека одговорните за уривањето на покривот на железничката станица во Нови Сад ќе бидат изведени пред лицето на правдата, пренесува N1.
„Ве уверувам дека одговорните ќе бидат казнети“, рече Вучиќ, говорејќи во живо на српската државна телевизија од Нови Сад.
„Како претседател, барам гонење и казнување на одговорните“, рече тој, додавајќи дека ќе бара и политичка, како и кривична одговорност.
Според Вучиќ, вината е кај луѓето кои биле одговорни за инфраструктурата.






