Македонија ќе има претседател!
Пред малку, остварен е цензусот од 40% излезност на претседателските избори, дознава Експрес од свои извори.
Тие тврдат дека цензусот е веќе остварен и дека се очекува до 19 часот излезноста да се приближи до 50%.
Тоа значи дека избирачите во Македонија ја совладаа заканата од ДУИ со бојкот на претседателските избори да се предизвика политичка криза во земјата.





