Потпис на секоја секунда, Силјановска за 4 часа доби поддршка од 15 илјади Македонци. од нив околу 1000 се дадени пред нотар а останатите во канцелариите на ДИК.
Во исто време претседателот Пендаровски добил половина од оваа бројка или околу 7800 потписи, брифираат партиски извори.
Ова е информацијата за процесот на потпишување на граѓани за кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Процесот на собирање на потписи продолжува затоа што пред канцелариите на ДИК се уште има големи редици со луѓе кои чекаат да се потпишат.
Најмногу потписи до 13 часот за Силјановска се собрани во Битола, Тетово, Чаир, Кавадарци, Штип, Прилеп, Гостивар, Охрид , Карпош….





