Кога мислите дека италијанската паста не може да биде повкусна, додадете сос од домати, моцарела или пармезан и малку месо и потпечете, резултатот ќе ве ве маѓепса
Овој рецепт ќе ве натера да ги засакате тортелините и тие да станат чест оброк на вашето мени.
Потребни состојки:
-2 лажици масло за јадење
-1 кромид, исечкан
-3 чешниња лук
-450g говедско мелено месо
-125ml црвено вино
-2 лажици доматно пире
-30g мелени домати
-малку оригано-сол, буковец
-800g тортелини
-моцарела, пармеза
![]()
Начин на подготовка:
На загреано масло пропржете го кромидот и лукот и додадете го говедското месо.
Откако добро ќе се пропржи додадете ја пастата од домати и црвеното вино.
Динстајте некое време па додадете ги мелените домати, ориганото, буковецот и сол.
Садот за печење намачкајте го со масло и истурете ги претходно сварените тортелини. Врз тортелините истурете ја готовата смеса и убаво измешајте. Посипете со моцарела и пармезан.
Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете 25 минути на температура од 350 степени. Декорирајте со босилек.





