ФИФА по опсежната анализа и дебата потврди дека екипите кои ја освоиле светската клупска титула во периодот пред 2004 година се важечки фудбалски шампиони на планетата. Дилемата беше поставена затоа што до таа година за круната решаваа само европскиот и јужноамериканскиот шампион, по што во последните 13 изданија учествуваат сите континентални прваци.
Со оваа одлука титулите што со Црвена Звезда ја освоија нашите Дарко Панчев и Илија Најдовски се верификувани, а тие, потсетуваме беа освоени во 1991 година во меч со Коло Коло (3-0) во Токио.




