Потврдата доаѓа од Загреб: Амбасадорката на САД Агелер ќе поднесе оставка

Официјалната потврда за веста на expres.mk дека американската амбасадорка Ангела Агелер ќе поднесе оставка дојде од Загреб каде првата дипломатка на САД во Хрватска јавно објави што ќе се случи.



Во интервју за хрватскиот РТЛ амбасадорката на САД во Хрватска Натали Рејес објавува дека сите американски амбасадори утре ќе поднесат оставки.

Причината е што без разлика кој ќе победи, Харис или Трамп утре САД ќе има нов претседател на местото и сите амбасадори кариерни дипломати или политички именувани си поднесуваат оставка.

Таа не прецизира дали оставките ќе бидат поднесени утре како што предходно објаснија упатени дипломати но и таа и Агелер можат да го сторат тоа уште утре кога ќе биде познат кој е новиот претседател на САД.

Изјавата на Рејес за РТЛ на овој линк

Вчера expres.mk објави дека истото ќе го стори и американската амбасадорка во Скопје Ангела Агелер.

Американската амбасадорка Агелер задутре поднесува оставка од својата позиција во Скопје

Агелер е кариерна дипломатка која не е политички именувана за амбасадорка во Скопје.

Фотографијата (СД) е од давање свечена заклетва од страна на Агелер пред доаѓањето во Скопје.