Послеизборна честитка на Села: Сакаме да ги видиме сите Албанци и Албанија во ЕУ! Јас сум добро кога е Албанија добро!

Зијадин Села, претседателот на неговото крило во Алијансата за Албанците, им честиташе на премиерот Еди Рама и на Социјалистичката партија за победата на парламентарните избори во Албанија.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА

Пренесувајќи ја честитката на Села и неговото крило во АА, агенцијата истакнува: „Посакуваме со срце да ги видиме Албанија и сите Албанци во големото европско семејство и меѓу развиените држави и народи’, наведува Села во својата честитка, покрај другото, завршувајќи ја со пораката: ‘Јас сум добро кога е Албанија добро!“