Последен говор екс шкотскиот прв министер Алекс Салмонд, кој почина во Охрид, го дал за време на Школата за млади лидери на претседателот Ѓорге Иванов.
,,Со длабока тага и неверување ја објавуваме смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска. Вчера, за време на неговиот последен јавен настап на Вториот Форум за културна дипломатија во коорганизација со Институтот за културна дипломатија од Берлин (ИЦД), во рамките на 15-тата Школа за млади лидери, мојот пријател ја покажа страста и посветеноста што ја карактеризираат неговиот живот и работа.
Нашите мисли се со неговото семејство и најблиските во овој тежок период.
Нека почива во мир”, напиша претседателот Иванов на својата страница на Фејсбук.
Неофицијално Салмонд според обдукцијата починал од масивен срцев удар за време на ручек.
Извор: Фејсбук страница на поранешниот македонски претседател Горге Иванов






