И додека СДС се фали со покачените плати над 600.000 наши сограѓани живеат со 150 денари на ден, а Ковачевски кој зема 2500 евра апанажа, дневно може да троши 83 евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на поскапената потрошувачката кошница за 1.500 денаари за само еден месец.



Така, за едно четиричлено семејство само за да се прехрани за еден месец му се потребни 59.000 денари.

„Владата на СДС и ДУИ го уништи животниот стандард на граѓаните. На едно семејство за да може да преживее од месец за месец му се потреби три минимални плати.

Платите се многу пониски од тоа што изнесува една потрошувачка кошничка.
Со катастрофалните политики на власта на СДС и ДУИ се зголемија цените на основните прехранбени производи, а граѓаните дополнително секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови.

Устите им се полни со фалби дека ги зголемиле платите и пензиите, но реалната состојба е дека се намали куповната моќ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.