Наместо Меган Маркл да размислува за свадбата со принцот Хари и како повеќе да влезе и да му се допадне на кралското семејство и на Кралицата Елизабета, актерката неочекувано се најде во проблеми.
Имено нејзиниот поранешен сопруг и продуцент Тревор Eнгелсон моментно работи на телевизиско шоу за кое е инспириран, од кралското семејство. Иако, како што беше најавено од страна на Фокс серијата е чиста фикција, неверојатна коинциденција е тоа што како продуцент работи токму нејзиниот поранешен сопруг.
Исто така интересно е и сценариото на серијата: разведена жена среќава принц и со него се мажи, a заедно со нејзиниот поранешен сопруг имаат старателство врз децата. Сè освен децата, се совпаѓа со животната приказна на Меган Маркл.

За американските медиуми, продуцентот Дан Фарах објасни како дошле до идејата за серијата. Во неформален разговор со Тревор се поставило прашањето што би направил, ако тој и актерката, која во моментов е во врска со принцот Хари, сепак, имаа деца во нивниот две годишен брак, и што ако неговите деца требало да растат во познатиот амбиент и опкружени со кралското семејство.




