Пан-македонските сојузи, еден од организаторите на митингот плооштадот „Синтагма“ во неделата, ја предупредија грчката влада да не се обидува да го минимизира „големиот митинг“ кој бил само почеток доколку не ја почитуваат волјата на грчкиот народ.
„Изненадени сме што по вторпат забележуваме дека владата, се обидува со сите средства, да ја намали огромната преговарачка предност што ја доби со величествената мобилизација на грчкиот народ во однос на скопското прашање“.
Според организаторите, на собирот за одбрана на името „Македонија“ имало 1,5 милиони луѓе, додека полицијата тврди дека бројката била десет пати помала.
Во опширното соопштение се вели дека според нивните податоци, само до 14,10 часот во неделата во Атина пристигнале 2.618 автобуси…
„Во секој случај, зборуваме за најголемиот собир што се одржал во Атина во текот на последните 15 години. И тоа ќе биде само почеток…“, се вели во соопштението.




