Поразителни податоци: За само 5 години, клуч на врата на 45 училишта

Бројот на основни училишта во Македонија поради масовоното иселување од државата се намалил од 1.042 во учебната 2018/2019 година на 1.000 во учебната 2023/2024 година, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика пишува Блумберг Адриа. Во истиот период, бројот на средни училишта се намалил од 138 на 135.



Во основното образование, од година на година се намалува бројот на влезната генерација, како и вкупниот број ученици. Бројот на запишани ученици во основно образование во учебната 2023/2024 година е помал за 4,8 проценти во споредба со 2013/2014 година“, информираат од ДЗС.

  • Бројот на запишани ученици во средното образование, во учебната 2023/2024 година, во споредба со 2013/2014 година, е намален за 22 проценти“, информираат од Државниот завод за статистика.

Сериозно намалување може да се забележи и во високото образование. Ако се спореди со учебната година 2013/2014 со сегашната 2023/2024, намалувањето изнесува речиси 10 отсто, односо 9.4 проценти.

Претходно, пак имавме лоши бројки. За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика.

  • Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3,9% во однос на претходната учебна година“, стои во соопштението на ДЗС.

Намален беше и бројот на специјални основни училишта, кои сега на територијата на Македонија се 35, а паѓа и бројот на паралелки и ученици, односно за една година, бројот на паралелки се намалил од 11.057 на 10.997, додека пак бројот на ученици од 184.910 на 182.245. Единствено што е во пораст е бројот на наставници во основното образование, од 19.326 на 19.609 наставници.