Македонскиот маратонски пливач Евгениј Поп Ацев имаше нов извонреден настап во трка од Светскиот куп на ФИНА. Тој во натпреварот во канатдското езеро Сен Жан заврши како трет, а сосема добар во конкуренција на 23 пливачи беше и Александар Илиевски кој заврши како десетти.
Настанот од Гран-при серијата имаше спринтерски финиш, во кој Поп Ацев на целта мина со време од 6 часа 19 минути и 30 секунди и само седум секунди заостанување зад победникот на трката, Гиљермо Бертола од Аргентина и три секунди зад второпласираниот Филипе Гертин од Канада. Вториот македонски претставник, Александар Илиевски трката ја заврши со време од 6:34.15. На маратонот во Канада, прв пат во улога на тренер, Илиевски го придружуваше најуспешниот македонски маратонец, Томи Стефановски кој лани ја заврши долгата пливачка кариера.
Следната трка на каледарот во маратонската Гран-при серија на ФИНА е Охридскиот пливачки маратон кој годинава ќе се одржи на 19. август.




