Американските палачинки се разликуваат од палачинките на кои сме навикнати, но токму поради тоа се и поинтересни. Тие се помали и имаат сунѓереста структура која потсетува на пандишпан.
Палачинките се одлични за појадок или за десерт. Можете да ги комбинирате како што сакате, нивниот вкус лесно можете да го направите во однос на вашите желби.
Состојки:
-1 шолја брашно
-2 големи лажици шеќер
-1 прашок за пециво
-½ мала лажичка сол
-1 шолја млеко
-2 големи лажици масло за јадење

Подготовка:
Во длабок сад ставете го брашното и додајте ги шеќерот, солта и пецивото. Промешајте. Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу. Додајте ги млекото и маслото за јадење и промешајте. Претурете ја смесата со течни состојки во садот со суви состојки.
Нежно мешајте за да се соединат, но не матете. Не се загрижувајте ако во смесата има мали грутчиња. Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење. Со помош на кутлача ставете од густата смеса во тавчето. Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја. Се добиваат 10-15 палачинки. Палачинките можете да ги комбинирате по ваш вкус: крем, мед, шлаг, јагоди, банани, чоколада и сл.





