Волкан Конак почина на 58-годишна возраст, откако му се слошило среде концерт на Кипар.
Прва помош била пружена од присутните пред да биде повикана брзата помош на местото на настанот, пишува на веб-страницата Turkeytoday.
Со возило на брза помош бил пренесен во државната болница Газимагуса во 00:17 часот по локално време. И покрај сите лекарски напори, констатирана е смрт во 00:42 часот. Оваа вест ја потврдија од Министерството за здравство, пренесуваат медиумите.
Конак беше сакана личност во турската музика, позната по спојувањето на фолк и модерните стилови.






