Понуда до судот: Груби е подготвен да се врати во Македонија ако не добие притвор

Екс вицепремиерот Артан Груби е подготвен да се врати во Македонија ако не добие притвор, брифираат функционери на неговата партија кои имаат блиски контакти со судските инстанци.



Ова е понудата што неговата одбрана ја пренесла до судијата на претходна постапка кој постапува во случајот против него.

По покренувањето на случај против него Груби веќе ангажирал адвокат, кој вчера бил во Кривичниот суд да се произнесе за барањето од обвинителството за одредување на мерка притвор.

Адвокатот му предложил на судијата на претходна постапка дека неговиот клиент Артан Груби е подготвен веднаш да се врати во земјата доколку мерката притвор биде заменета со поблага мерка на обезбедување, како одземање на патна исправа.

Изворите во ДУИ не можат да кажат дали ако на Груби му биде одреден притвор тој ќе остане во бегство.

Судијата сеуште не се произнел за барањето притвор.