Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга.
„Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга“, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование.
Минатата недела од Одборот за акредитација на високото образование сооштија дека на Факултетот за здравствени науки на Меѓународниот Универзитет во Струга нема да се запише ниту еден студент и нема да започне со работа се додека не се исполнат законските услови за акредитација на студиските програми за прв циклус на стручни студии за општа медицинска сестра и студии за здравствена нега.





