Казахстан издвои 50.000 евра како хуманитарна помош за настраданите од катастрофалните поплави во Македонија, соопшти Владата на централноазиската држава.
Премиерот Бакитжан Сагинтаев во понеделникот ја потпишал уредбата број 680, со која Министерството за финансии треба да му ја префрли сумата на Министерството за надворешни работи од резервниот фонд на Владата за вонредни состојби, а тоа потоа да ја достави до Македонија.
Како што е наведено, средствата се обезбедени од државниот буџет за 2017 година за справување со вонредни ситуации од природен или од вештачки карактер на територијата на Казахстан и во други држави.





