Др. Пол Вилијамс, автор на Охридскиот договор од 2001 година, за Клан Македонија ексклузивно потврди дека заедно со неговата адвокатска канцеларија PILPG (Меѓународна група за јавна политика и право) и тимот меѓународни адвокати работи на прашањето за непочитување на Охридскиот договор.



ДУИ со помош на американски правник ќе го враќал „Мајскиот договор“

На прашањето на телевизијата Клан Македонија, Пол Вилијамс и PILPG потврдија дека работат на предлог платформа за правична и соодветна застапеност во процесот на формирање на Влада и меѓуетничкиот легитимитет…

„На собир на 13 јули, претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети објави дека контактирал со  Вилијамс и му ја објаснил ситуацијата создадена во земјава по изборите на 8 мај, и дека го ангажирал експертот по меѓународно право да подготви платформа за меѓуетничкиот легитимитет на институциите во согласност со Охридскиот договор.

Др. Вилијамс е ко-основач на Групата за јавно меѓународно право и политика (PILPG), про боно правна фирма која обезбедува правна помош на државите и владите вклучени во мировните преговори, постконфликтниот устав и гонењето на воените злосторници“, објави Клан Македонија.