Во Оберздорф денеска започна натпреварот во скијачки скокови познат како 4 скокалници. На германскиот југ победи Камил Штох кој беше константен во двата скока (126 и 137 метри), а ја брани титулата од новогодишната турнеја од минатото издание. Полјаците денеска имаа уште еден човек на подиумот, третиот Давид Кубацки, а меѓу нив на второто место се пласира домашниот натпреварувач Рихард Фрајтаг. 55. новогодишен ски настан продолжува в понеделник на 1 јануари во Гармишпартенкирхен, а завршува со скокови во Инсбрук на трети и во Бишосхофен на 6 јануари.




