Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез по мечот со Шпанија на прес-конференцијата пред новинарите откри лоша вест.
„Најверојатно ова ќе биде последен натпревар за Лазаров. Повредата не изгледа добро. Тоа ќе биде голем проблем за нас, бидејќи тој е играч на кој се базира нашата игра и ќе биде многу тешко без него во продолжението“, изјави селекторот Раул на прес конференцијата во Вараждин.
Повредата на Кирил Лазаров е сериозна и според најавите тој нема да заигра до крајот на првенството во Хрватска.
Капитенот се повреди во првиот дел од првото полувреме и до крајот на мечот не заигра.
Раководството на репрезентацијата вчера не даде детали за природата на повредата на Лазаров.




