Претседателот на Полска Анджеј Дуда, член на опозициската партија Право и правда, испрати барање до владата на премиерот Доналд Туск во кое бара Нетанјаху да не биде уапсен доколку стапне на полска територија за да присуствува на комеморацијата во нацистичкиот логор Аушвиц, што ќе се одржи на 27 јануари, потврди неговиот портпарол денес, како што објави Политико.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Нетанјаху минатиот ноември за наводни воени злосторства во Газа.
Полска есе приклучи на земјите кои и и покрај тоа што го потпишаа Римскиот статут, не сакаат да го уапсат.
Потерницата на МКС значи дека Нетанјаху може да биде уапсен доколку отпатува во која било од 120-те земји потписнички на Римскиот статут – иако некои држави, како Франција и Унгарија, рекоа дека нема да го уапсат.
Текстот продолжува под огласот
Според полскиот медиум Interia, кој го добил писмото од полскиот претседател, во писмото се вели:
„Полската влада треба да гарантира [Нетанјаху] непречен престој на територијата на нашата земја во овие апсолутно исклучителни околности“.
Нетанјаху јавно не ја изрази својата желба да учествува на комеморацијата, ниту пак го покани организаторот, музејот на Аушвиц.
Од музејот за полските медиуми изјавија дека поканите биле испратени исклучиво до преживеаните од Холокаустот.
Околу еден милион луѓе беа систематски убиени во Аушвиц од нацистите под водство на Адолф Хитлер, од кои огромното мнозинство беа Евреи, што го прави местото еден од најголемите логори за истребување во историјата.






