Полска до две недели може да издржи руски напад

 

Ова го тврди генерал Дариуш Луковски, шеф на полската канцеларија за национална безбедност, според кој армијата има доволно залихи да издржи непријателски напад до две недели.



„Мислам дека во зависност од тоа како ќе оди оваа борба, одбраната може да трае една или две недели со денешните нивоа на залихи“, рече Луковски на прашањето колку долго Полска може да се бори сама пред да интервенираат сојузниците јави Polsat News.

Луковски призна дека полските вооружени сили сè уште користат мешавина од модерна и застарена опрема, при што недостигот на муниција првенствено влијае на постарите системи. Тој истакна дека новонабавените борбени возила и платформи се снабдуваат со соодветна муниција.

Полската опозиција ја осуди состојбата на полското одбранбено производство, тврдејќи дека Полска ќе има доволно муниција за само пет дена војна.

На прашањето дали Полска навистина има залихи за само пет дена, Луковски рече дека тоа зависи од видот на опремата и муницијата.

Полска, која ги дели границите со Белорусија и со руската високо милитаризирана енклава Калининград, се наоѓа на источното крило на НАТО и најверојатно ќе биде меѓу првите цели во потенцијалниот конфликт НАТО-Русија.

Неодамна полскиот претседател апелираше:

Дуда: САД да го пренесе атомското оружје во Полска