Половина од граѓаните не веруваат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ

Само 50 отсто од граѓаните веруваат дека Македонија ќе стане земја членка на Европската Унија, покажа последната анкета на Евробарометар.



Според анкетата 54% од граѓанитe имаат доверба во Европската Унија, 42% не ѝ веруваат.

Есенскиот Евробарометар за 2024 година покажа дека 56 проценти од граѓаните на Македонија имаат доверба во Европската Унија. Истото ниво на доверба го делеа тогаш и граѓаните на Босна и Херцеговина.