Вистински деликатес! Ова е препорака за одлично предјадење за свечени ручеци или како дел од трпезата кога имате гости или каква и да е прослава.
Состојки:
-1 тркалезен леб
-100 гр чајна
-100 гр шунка
-3 листа марула
-шери домати
-маслиново масло за готвење
-зачини по вкус

Подготовка:
На лебот му ја отстрануваме средината или го сечеме по желба за да направиме простор за додатоците.
Шунката о ја сечкаме на коцки и кратко ја пропржуваме на маслиново масло.
Чајната ја редиме во круг по ѕидовите на празнината од лебот.
Потоа ги додаваме ситно сечканата марула, коцките шунка и шери доматите исечкани на половини.
Зачинуваме по вкус и ставаме кратко да се запече (околу 10 минути) во загреана рерна на 180 степени.





