На нашите трпези често може да се најдат полнети бабури. Традиционално ги подготвуваме со месо и ориз и овој пат ви предлагаме да се обидете со еден од многуте варијанти за овој рецепт.



Состојки:

-бабури

-мелено месо – 400 грама (телешко, а може и мешано)

-ориз – 300 грама

-кромид – една главица

-Сол, зачин, црвена пипер, црн пипер, зејтин,

-домати

-вода

Подготовка:

Пиперките се чистат од семките и рачките и се мијат.

На зејтин, во тенџере, се пропржува ситно исецканиот кромид. Откако малку се пропржува му се додава меленото месо, па се пржи заедно за фино да се раздроби месото. Потоа се додава оризот и се заедно уште малку се пржи. На крај се додава зачинот, сол, црвен пипер, црн пипер и смесата за полнење е готова.

Ñ Ñ

Ñ Ñ

Со вака подготвената смеса се полнат пиперките, отворот се затвора со округло парче домат или тенко парче компир и се редат во тавче.

Во тенџерето во кое ја подготвувавме смесата се става малку сос од домати и една чаша вода да зоврие. Со зовриената течност се полеваат пиперките и се ставаат во веќе загреана рерна на 250 степени да се печат. Се набљудуваат од време на време, но печењето трае отприлика околу еден час.