Запленета е извршена во рамките на полициската акција ноќеска за сузбивање на насилни криминални групи на повеќе локации, којашто почна во неделата, јави Плусинфо.
Акцијата продолжува и денеска.
Единици на МВР се со засилено присуство на повеќе локации во земјата.
Во акцијата на МВР која почна во неделата уапсени се 7 лица, членови на криминалните групи во Дуќанџик и Арачиново, а пронајдени се пари и оружје.
Претресени се 24 лица на 30 локации, 28 во Скопје и две во Велес.
Со акцијата се расветлуваат неколку убиства познати во јавноста.






