Полициската станица во Ѓорче Петров неосветена за муслимани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, неговиот колега од Ѓорче Петров Александар Наумовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се предмет на критики и шеги на социјалните откако сите тројца сечеа лента на отворање на полициска станица како да отвораат инвестиција што ќе запосли стотици граѓани.



Главната замерка на забелешките е свештеното лице – Православен поп кој што е присутен на церемонијата што е причина граѓаните да запрашаат што бара свештеник на отворање на полициска станица.

Другото прашање што го поставуваат пред де граѓани муслимани е ако веќе се повикани свештени лица зошто не е повикан и оџа или во полициската станица воопшто нема да одат муслимани.

Посебни критики има и за доминантната улога на свечената церемонија на машкиот пол. Од сликата може да се види дека единствените жени и тоа полицајки, на настанот само ја држат лентата за сечење а не се дел од гостите.