При извршен претрес во дом кај две лица – полициски службеници за кои претходно беше утврдено дека на социјалните мрежи објавуваат фотографии со оружје бил пронајдено поголемо количество оружје.
Подоцна, исто така, со судска наредба, беше извршен и претрес во викенд куќа во село Стрима, општина Липково, каде претходно беше утврдено дека е направена фотографијата и објавена на социјална мрежа, но во неа не беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Со двајцата полициски службеници и нивниот родител, во присуство на адвокат, беа извршени службени разговори, по што беа извршени консултации со јавен обивнителе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






