Home Популарно Пожар ја зафати Ајфеловата кула: Евакуирани 1200 туристи

Пожар ја зафати Ајфеловата кула: Евакуирани 1200 туристи

Околу 1.200 луѓе мораа да бидат евакуирани од Ајфеловата кула откако избувна пожар во „иконата“ на Париз. Француската полиција за локалните медиуми изјави дека пламенот започнал од окното на лифтот меѓу првиот и вториот кат.



Според информациите на пожарникарите, пожарот најверојатно настанал поради направа во близина на кабел на лифтот кој се прегреал, објави Булевар Волтер, повикувајќи се на полициски извор.

Пожарот сега е под контрола и покрај тешкотиите на пожарникарите да стигнат до изворот на пожарот, пренесува The Mirror. Атракцијата беше привремено затворена за туристи.