Најмалку 4 лица загинаа во пожар кој зафати зграда во шпанскиот град Валенсија, а 14 се повредени се 14 лица, меѓу кои шест пожарникари и едно мало дете.



Се уште се трага по 19 лица кои моментално се водат како исчезнати. Пожарот вчера околу 17 часот и 30 минути ја зафатил 14-катницата во населбата Кампанар и се проширил во соседната зграда.

Во зградата има 138 станови, во кои живееле околу 450 луѓе. Локалните медиуми објавија дека пожарникарите спасиле неколку жители користејќи кранови, меѓу кои и брачен пар кој живеел на седмиот кат. Една жена изјави за ТВЕ дека пожарникарите спасуваат тинејџер заробен на првиот кат од зградата.

„Со оглед на карактеристиките на зградата, пожарникарите не можеа да влезат внатре и можеа да го изгаснат пожарот само однадвор“, изјави Хорхе Суарез. заменик директор за вонредни случаи, вчера, а пренесува Си-Ен-Ен.